По смртта на нивниот татко за нив се грижи само нивната мајка. Соседите велат дека двете ќерки со во тешка здравстевна состојба и веќе со години не изглегуваат надвор. Стравуваат дека можеби дома се задржани против нивна волја. Иако ова го кажуваа пред камерите не сакаа да го откријат својот идентитет.

Откако случајот е пријавен, денеска во нивниот стан се обидоа да влезат екипи на Центарот за социјални работи во Битола заедно со полициска асистенција. Но никој не ја отвори вратата.

Пред неколку години во станот било влезено со полициска асистенција, по што двете сестри била однесени на болница, а лекувањето било покриено од Центарот за социјални работи.

Од Центарот за социјални работи Битола велат дека вечерва нивна екипа успеала да поразговара со мајката и со двете ќерки.

Од Центарот констатирале дека нема услови за насилно влегување во станот бидејќи и мајката и двете ќерки биле контактибилни, кажале дека не им е потребна помош и дека по своја волја живеат на овој начин. 

 

Датум на објава: петок, 08 септември 2017 во 14:09
Анета Шијакова
Обновено во: 14:20

коментари

остави коментар