Поканети се автори чии трудови ќе се осврнат на делувањето на индивидуите кои извршиле одредени влијанија врз различните аспекти кои ја допираат музичката уметност, при тоа не ограничувајќи се само на прогресивните и позитивните креации, туку и на негативните влијанија.

Како и секоја година, во рамки на конференцијата ќе се одбележат јубилеите на македонските творци и тоа: 80 години од раѓањето на композиторите Благој Цанев и Сотир Голабовски и на музичкиот писател Јелица Тодорчевска, 90 години од раѓањето и 10 години од смртта на композиторот и музиколог Драгослав Ортаков, 70 години од раѓањето на композиторот Илија Пејовски и 60 години од раѓањето на музикологот Марко Коловски.

Организатор на манифестацијата е Сојузот на композиторите на Македонија – СОКОМ, а селектори годинава се д-р Мирјана Павловска - Шулајковска и м-р Елени Новаковска. /МИА

Датум на објава: петок, 08 септември 2017 во 12:03
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар