Ќерките се на возраст од 34 и 35 години. По смртта на нивниот татко за нив се грижи само нивната мајка. Соседите велат дека двете ќерки со во тешка здравстевна состојба и веќе со години не изглегуваат надвор. Стравуваат дека можеби дома се задржани против нивна волја. Иако ова го кажуваа пред камерите не сакаа да го откријат својот идентитет.

Откако случајот е пријавен, денеска во нивниот стан се обидоа да влезат екипи на Центарот за социјални работи во Битола заедно со полициска асистенција. Но никој не ја отвори вратата.

Пред неколку години во станот било влезено со полициска асистенција, по што двете сестри била однесени на болница, а лекувањето било покриено од Центарот за социјални работи. 


Откако излегле од болница па до денеса двете сестри повторно времето го минувале само дома без контакт со надворешниот свет.

Датум на објава: четврток, 07 септември 2017 во 18:46
Анета Шијакова

коментари

остави коментар