И неговиот татко, Ричард Бренсон бил на островот каде ги собрал сите луѓе и ги однел во својот подрум со вина каде седеле се додека бурата ја уништувала неговата куќа еден кат погоре.


 

#roadtown #tortola during the eye of the storm. Thinking of everyone! 🙏🏻😞 #hurricaneirma #bvi

A post shared by Sam Branson (@bransonsam) on


„Драго ми е дека сите луѓе на островот Некер се безбедни иако многу згради се уништени. Загрижен сум за нашите пријатели на соседните острови. Немојте, несериозно да го сфаќате овој ураган, доколку сте на неговиот пат. Ако објектот е од постара градба, одете негде каде што е посигурно. Домовите можат повторно да се изградат, но животите не. Природата не предупредува на влијанието на климатските промени. Сите мораме да направиме повеќе во борбата против тоа“ – напиша Сем.



Инаку, луксузната вила на Ричард Бренсон е целосно уништена во ураганот, а милијардерот објави фотографии непосредно пред ураганот да го погоди неговиот остров. Како што изјави, пред ураганот ги собрал сите луѓе од островот, кои преспале кај него.


 

#Tortola in the eye of the storm. Other side of #hurricaneirma hitting BVI now. Just so so sad 😞 #bvi #tragic

A post shared by Sam Branson (@bransonsam) on


„Ваква седенка не сме имале откако бевме деца. Чудно, но привилегија е да се искуси најголемата бура во историјата со ваква забавна група на млади луѓе“, напишал Ричард и додал дека верува дека уште малку вино ќе остане во подрумот кога бурата ќе се смири.

Датум на објава: четврток, 07 септември 2017 во 16:19
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар