Телото на 68 годишниот Љупчо Трајчев било на прагот од дневната соба со убодни рани од нож, инфомираат од полицијата. Неговата сопруга изјавила дела додека седеле во дневната соба, синот на Трајчев откорнувајќи ја влезната врата, влегол во домот. Ја избркал сопругата на татка си и почнала драмата. Синот на Трајчев сам се пријавил во Ургентниот центар, бидејќи имал расекотина на десната рака, се наведува во полицискиот билтен.

Капијата од домот каде што вчера беше убиен Љупчо Трајчев остана отворена. Неговиот син, смртно го избодел на горниот спрат од куќата. Околното население не сакаше да зборува во камера, но раскажуваат дека ова е мирно соседството. Велат дека синот боледувал од шизофренија и дека постојано правел проблеми во соседството.

Соседите раскажуваат дека синот на Љупчо Трајчев стасал дома околу 20.00 часот и оттогаш почнала семејната драма. Во дворот и околу него сведочат, влечки, столица, искршени стаклени предмети. Околу 22.00 часот сосед од улицата „Чедомир Кантарџиев“ ја пријавил семејната драма. Телото на убиениот е предадено на обдукција, по наредба на јавен обвинител. СВР Скопје извршило увид во домот, додека синот, И.Т., е задржан во полициската станица во Кисела Вода.

Инаку, Љупчо Трајчев во претходната локална власт, бил втор човек на општината Кисела Вода, објаснуваат соседите. Трајчев имаше висока функција во општинскиот Комитет на Кисела Вода, претседател на Унија на ветерани.

Датум на објава: четврток, 07 септември 2017 во 13:44
Игор Стефановски
Обновено во: 14:18

коментари

остави коментар