Настапот во Италија е во рамките на седумнаесеттото „Музичко лето“ организрано од музичкиот конзерваториум „Lucio Campiani", на кој традиционално учествуваат сите победници од овогодинешните музички натпревари во Италија. Своето учество на оваа манифестација Арда го обезбеди со победата на престжниот пијанистички натпревар "Antonio Salieri" во Април годинава.

Од 13. до 21. Август, Арда Мустафаоглу имаше концертни настапи во германските градови Дурен и Ахен, како и во куќата на Шуман во Бон. Овие концерти се дел од наградата освоена на натпревар  „Pianisti i ri" во Тирана.

До крајот на годинава Арда Мустафаоглу ќе одржи солистички концерти и пред македонската публика.
Учеството на овие концертни настапи е помогнато од Министерството за култура.

Датум на објава: четврток, 07 септември 2017 во 10:27
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар