Неговата сопруга Тејлор одлучила да му ја исполни последната желба – и да ослаби поради него.

Тејлор во моментот кога ја дознала страшната вест имала 137 килограми. После шокот и прифаќањето на фактот дека од својот сакан ќе се раздели засекогаш, сфатила дека треба да направи нешто за да биде во што подобра физичка форма и да сите преостанати денови да ги поминат што подобро.

Image may contain: 8 people, people smiling, people standing, wedding, tree, outdoor and nature

„Направив гастро бајпас, почнав да вежбам и здраво да се исхранувам. На мојот маж му е многу важно како изгледам, а досега не бев баш најсвесна за тоа. Исфрлив се што е нездраво и ослабев 63 килограми. Сакам да надоместам за сите моменти кои поради изгледот не можев да ги поминам во бикини“ – изјави таа.



Претходно била на мета на критики поради килограмите, се плашела од се, се чувствувала лошо, а сега има многу енергија и самодоверба.

„Претходно моите реакции и емоции беа насочени кон храната, без разлика дали бев среќна или тажна. Кога на Рики му рекоа дека има тумор на мозокот и дека нема уште долго да живее, знаев дека морам нешто да променам“ – изјавила Тејлор.

Оваа храбра жена изјавила дека планира да почне поактивно да се занимава со бодибилдингот, да се натпреварува, а мажот во сето тоа ја поддржува.

Датум на објава: среда, 06 септември 2017 во 21:53
www.kanal5.com.mk
Обновено во: 10:09

коментари

остави коментар