Таа го придружува својот сопруг на венецијанскиот филмски фестивал, кој за прв пат се појави, не во улога на актер, туку во онаа на режисер.

Џорџ Клуни го претстави филмот “Субурбикон”.

Ова е шестата негова режисерска работа, но сега тој не игра во својот филм.

Во него тој ги собра старите пријатели. Сценаристи се познатите браќа Коен, со кои Клуни неколкупати работел.

Главните улоги ги играат Мет Дејмон и Џулијан Мур, која игра две улоги: на парализирана жена на протагонистот и на нејзината сестра.

Датум на објава: вторник, 05 септември 2017 во 22:57
www.kanal5.com.mk
Обновено во: 09:00

коментари

остави коментар