Сепак, тоа не ги спречи ловците на НЛО, Тим и Трејси Дојл.

Тие на два километри надморска височина успеале најдетално досега да ја фотографираат Областа 51 и тоа на оддалеченост од само 40 километри.

Областа 51 е едно од најмистериозните места во светот, а теоретичарите на заговорите, убедени се дека тоа е местото каде Американците ги кријат вонземјаните и вршат најразлични експерименти.

Првичната намера во далечната 1955 година, била на ова место да се тестираат шпионски авиони, но намената на воената база често се менувала. Интересно е тоа дека јавноста никогаш за тоа не е известена и дека работите кои овде се одвиваат се водат како државни тајни.

Што знаеме за Областа 51?

Верувале или не, дури во 2013 година, во јавноста официјално е потврдено дека Областа 51 постои, со тоа скоро половина век целата приказна била на ниво на шпекулација. Извештајот за постоењето на Областа 51 го состави Џефри Т. Ричелсон од Националната безбедносна архива.

Американската влада дури ја објави и точната локација во Невада и дел е од воздушната база Едвардс, недалеку од езерото Грум. Исто така, знаеме дека оваа Област служела за развој и тестирање на шпионски летала. Откриено е дека се тестирани У-2 авиони кои служеле за шпионирање на СССР во Студената војна, а скандалот настанал откако се дознало дека САД ја имале помошта на Британија во тоа.


Интересно е дека Барак Обама е првиот претседател кој Областа 51 ја нарекол со ова име.

„Сега кога стана претседател, првото прашање кое ми го поставија е што навистина се случува во Областа 51“ – изјави Барак пред новинарите во 2013 година и се осврна на актерката Ширли Мекклејн која заговара теории за постоење на вонземјани.

„Ако сакам да дознаам, ќе ја повикам Ширли Мекклејн. Мислам дека официјално станав првиот претседател кој го спомнал името Област 51?“.

Клинтон во 1995 година потпиша наредба за изземање на подрачјето од еколошкото законодавство во врска со контролата на опасниот отпад, бидејќи тоа барало “откривање на тајни податоци за тоа место на некое неовластено лице“.

Едно лице кое било дел од оваа база и проговорило е ветеранот Џемјс Ноус, кој работел во Областа 51. Тој проговори за својот престој во тајната база, во 2010 година и откри како изгледал животот во шеесеттите години кога работел на позицијата специјалист за радар.

„Готвачите доаѓаа од Вегас. Во било кое време од денот или ноќта можевте да добиете бифтек“ – изјави тој и додаде дека им испраќале и јастози по желба.

За жал, за вонземјаните ништо не рече.

Погледнете како денеска изгледа Областа 51.

Датум на објава: вторник, 05 септември 2017 во 21:00
www.kanal5.com.mk
Обновено во: 08:59

коментари

остави коментар