На оваа средба ќе треба да се потврди добриот резултат остварен во саботата, кога ја совладавме репрезентацијата на Израел.
Селекторот Игор Ангеловски најавува офанзивна формација и атак на трите бода.

– Среќен сум што ќе играме официјален натпревар во Струмица, во градот што ни го даде најдобриот фудбалер Горан Пандев. Очекувам голема поддршка од навивачите, верувам дека ќе го одиграме најдобриот натпревар во овие квалификации. Играчите се подготвени за надигрување со нашиот западен сосед, ќе го дадеме максимумот и се надевам ќе дојдеме до позитивен резултат, -истакна Ангеловски.


Датум на објава: вторник, 05 септември 2017 во 08:46
www.kanal5.com.mk
Обновено во: 10:16

коментари

остави коментар