Климата е топла, полн е со опасни животни и дом е на народот Сери, кои до неодамна во минатото биле канибали.

Постојат бројни историски траги дека на овој остров се наоѓа злато и скапоцени камења, а таа приказна во почетокот на 20-тиот век го инспирирало Том Гриндел да го истражи.

Во тој подвиг му се приклучиле тројца познаници од Аризона и тргнале во авантура во 1905 година.

Со себе носеле многу малку багаж, а најважна им била дестилеријата, бидејќи знаеле дека најтешко ќе им биде да пронајдат вода за пиење. Конечно, тргнале на 10 јуни, ветувајќи им на своите семејства дека ќе се вратат најдоцна до крајот на јули.

Никогаш не се вратиле.

Братот на Гриндел Едвард, во септември се одлучил да замине на островот и да открие што се случило со тимот од кој немало ни трага ни глас. Следејќи го нивниот пат, наишол на група ловци кои му рекле дека американска експедиција загинала на островот.

Некои на островот пронашол неколку човечки дланки заврзани околу високо стебло во средиштето на ритуалните прстени, а бидејќи Серите биле познати по тоа што своите заробеници ги врзувале и потоа им отсекувале дел по дел од телото, се сомневале дека тимот на Грендел настрадал на истиот начин.

Меѓутоа, Едвард утврдил дека рацете им припаѓале на некои други несреќници, но ги пронашол и првите траги – мртвата мазга, пушките па дури и книгите кои биле во сопственост на Том Гриндел.

Остатоците од телата на Гриндел и членовите на неговиот тим биле пронајдени дури две години подоцна, и се идентификувани со помош на писмата напишани од Том, а кои биле пронајдени во непосредна близина.

Половина век подоцна, на островот е испратена експедиција чија цел била што подобро проучување на народот Сери. Таму тие запознале љубезен и пријателски настроен народ, кој немал ништо против тоа да ги запознае посетителите со својот начин на живот.
Меѓутоа, откако ги прашале за гласините околу нивниот канибализам и за тоа дали тие се точни, тие му одговориле дека им се “допаднало се што уловиле“.

На крајот се дознало дека на нивните предци мексиканската влада им наредила да престанат со канибализмот, заканувајќи им се со иселување и смрт доколку исчезна уште еден странски посетител. Биле присилени да го почитуваат законот.

Датум на објава: понеделник, 04 септември 2017 во 22:15
www.kanal5.com.mk
Обновено во: 01:07

коментари

остави коментар