Матилда влегла до половината во езерото Дозмари во Корнвол со својот татко Пол кога на дното забележала меч.

- И реков дека веројатно се работи за парче од ограда, но кога погледнав сфатив дека навистина се работи за меч. Лежеше на дното од езерото, рекол нејзиниот татко.





Според легендата, сер Бедивер го фрлил Ескалибур во езерото Дозмари по битката во Камлан во која Артур загинал. Мечот го прифатила рака која излегла од езерото и засекогаш го повлекла во длабочините.

Сепак мечот кој Матилда го пронашла нејверојатно не му припаѓал на кралот Артур. Најверојатно се работи за филмски реквизит користен во текот на снимањето пред дваесет или триесет години на ова езеро.

коментари

остави коментар