„Не уживам во тоа што сум сама. Тоа е не нешто што го посакував. Нема ништо убаво во тоа и тешко е“ – изјави Анџелина Џоли.

„Само се обидувам да ги пребродам своите денови. Емотивно, тоа за мене беше тешка година и имав некои здравствени проблеми, а здравјето е нешто за што морам да се грижам и да го следам“.

Кога станува збор за децата, актерката изјави дека тие се извонредни.

„Многу ми значи кога ќе ги видам како си помагаат едни на други и како ми помагаат мене. Навистина дојдоа на свое и се пронаоѓаат себе си. Знам дека ќе се имаат едни за други за цел живот и тоа ми дава неверојатен мир, што знам дека кога нема да бидат веќе тука, тие ќе се грижат еден за друг“.

Анџелина на фестивалот „Телурајд“ во Колорадо, на кој е претставен нејзиниот нов филм, се појави со своите деца.


Датум на објава: понеделник, 04 септември 2017 во 17:32
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар