Убавата Никол неодамна беше во центарот на вниманието по секс скандалот  откако хакерите објавија неколку нејзини секси фотографии и интимни преписки  кои ги имала со своето момче тенисерот Григор Димитров.

Овој инцидент наместо да ја ослабе нивната врска најверојатно го сторил токму спротивното, 39-годишната Никол сега најавува дека наскоро би можела да застане пред олтарот.

„Би сакала да се омажам еден ден. Потребна ми е венчавка, моето венчавање. Мислам дека небото ќе запее кога јас ќе се мажам“, изјавила убавата Никол за „ The Sun", што веднаш ги подгреа трачевите дека наскоро пејачката ќе  го каже судбинското да со познатиот тенисер.

По оваа изјава следуваше реакција од портпаролот на Нико, кој изјави дека пејачката сака да се мажи но во иднина, и дека тоа е нешто за што сега не размислува. 

Датум на објава: понеделник, 04 септември 2017 во 10:27
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар