Меѓународното жири составено од филмски прифесионалци: Елица Петкова, режисерка од Бугарија, Хајме Патрицио Пинто Гарридо режисер од Чиле и Карлос Рендон Зипагуата режисер од Колумбија, едногласно ја доделија најпрестижната награда на фестивалот за македонскиот филлм, чиј режисер, кој според нивното образложение покажал голема уметничка вештина и синематографски квалитет, како во водењето на играта на акетрите, така и во начинот на кој е обработена тематиката, со многу хумор.

Авторот на филмот Марко Ѓоковиќ не можеше да присуствува на свеченоста, но тој на преполната сала на театарот на Мануфактурата и се обрати со видео порака.

Филмот „Еклер“ ја третира приказната за синот на готвачката од Маршаловата вила, кој по десет години добива шанса да ја вкуси храната што цел живот гледа како се готви, а не смее да ја допре.

Покрај „Еклер“ на фестивалот во натпреварувачката селекција беше прикажан и филмот„Крајот на времето“ на Милчо Манчевски.

Двата филма беа избрани меѓу 2.350 пријавени краткометражни филмови за годинашново издание на фестивалот.

Другото професионално жири, Големата нагарада на фестивалот во селекцијата на европскиот докумнетарен филм му ја даде на филмот „Длабочина два“ на Огњен Главониќ,  посветен на масовната гробница откриена во околината на Белград, со сведоштвата на виновниците и жртвите.

На Меѓународниот филмски фестивал од Нанси се прикажуваат околу 150 филмови, од кои половината се краткометражни во различни натпреварувачки категории, посебна селекција за млада публика. Има инатпреварувачка европска селекција на документарни долгометражни филмови. Минатат година наградата ја доби „Џипси Маџик“ на Столе Попов. Годинава фокусот на фестивалот е Латинска америка и популизмот, со посебна перспектива на германофонски филмови и на филмови од пораничниот регион на Источна Франција, Германија, Луксмебург и Белгија. /МИА

Датум на објава: недела, 03 септември 2017 во 16:24
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар