Во фокусот на ова издание беше иницијативата за ревитализирање на Офицерскиот дом како културен белег на градот Битола, а за таа цел во рамки на АКТО се одржа дебата на тема „Каков Офицерски ни треба?“ на која освен експерти од областа на културата и културното наследство, учествуваше и министерот за култура Роберт Алаѓозовски, како и пратеници од Собранието на Република Македонија.

Покрај дебатата како централен настан на фестивалот, АКТО и оваа година понуди разновидна програма на повеќе локации низ Битола, работилница за грамофони и ликовна работилница на тема „Децата за Офицерски“, изложба на квир фотографии и изложба на постери на тема „Футуристичките споменици од старата Југославија“ на авторот Зоран Кардула, настапи на македонски алтернативни бендови и диџеи, перформанс со актерот Здравко Стојмиров.

Фестивалот на современи уметности АКТО го организираше Здружението за уметност и култура ФРУ – Факултет за работи што не се учат од Битола/Скопје. /МИА

Датум на објава: недела, 03 септември 2017 во 11:41
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар