И тоа од времето кога во него престојувале многу паши и бегови. Војводи и револуционери, па Маршалот Тито,легендарниот светски шахист Анатолиј Карпов, војници и офицери на ЈНА, турскиот премиер Сулејман Демирел. До припадници  на АРМ. Сега се бара одговор на прашањето -  каков офицерски дом ни треба?! 

Битолчани лани го кренаа својот глас против владината одлука да се продаде овој споменик на културата за 900 илјади евра. Го одбранија од намерата на  урбаната мафија  да се тргува со општото  добро  и на Битола и на Македонија. Преку јавна дебата  се  бараат тој да се обнови  и просторот соодветно уреди. 

Битолчани се убедени дека Офицерскиот дом ќе биде спасен.


Научната и стручната јавност надлежните институции во градот на конзулите и на Македонија ќе се обедини.
И објектот  ќе го врати приматот обележје на градот создаден во 1911 година  од познати архитекти од Милано и Виена.А изграден од украински  и македонски мајстори и градежници.


Датум на објава: сабота, 02 септември 2017 во 14:27
Зоран Момировски
Обновено во: 14:50

коментари

остави коментар