Оваа вечер, како што соопштуваат од Град Скопје, за одличната забава се погрижија Ди Џеј Дела и составот Ај Кју, а спектакуларен крај на вечерта стави фантастичниот настап на Каролина Гочева.

Супер Скопје на улица Македонија продолжува и вечерва со почеток во 22 часот, каде посетителите ќе се забавуваат со Тамара Тодевска, како и Нокаут со специјални гости – Игор Џамбазов и Гуру Харе.

Проектот „Супер Скопје“ се реализира во насока на подобрување на културно-забавната понуда во Скопје, а истата доаѓа на предлог и иницијатива на сопственици и менаџерите на угостителски објекти од повеќе локации од Скопје. Програмата и изборот на изведувачите, исто така, е правена по директен предлог на угостителите.

Главен организатори на „Супер Скопје“ е ЈУ „Конгресен центар Александар Македонски“, а за реализацијата се задолжени „Горила Вајлд ентертејмент груп“ (Gorilla wild entertainment group).
Согласно одлука на Советот на Град Скопје, вечерите кога се одржува „Супер Скопје“ работното време на угостителските локали е продолжен за еден час.

Датум на објава: сабота, 02 септември 2017 во 10:34
www.kanal5.com.mk
Обновено во: 12:17

коментари

остави коментар