Канал 5 телевизија денеска е домаќин на повеќе од 500 кандидати од цела Македонија кој ќе учествуваат на аудициите за најпопуларните музички натпреварување на овие простори  ЅВЕЗДИТЕ НА ГРАНД, ЅВЕЗДИЧКИТЕ НА ГРАНД И ШОУТО ЗА ВЕТЕРАНИ - НИКОГАШ НЕ Е ДОЦНА, кои повеќе години се емитуваат на програмата на Канал 5 телевизија.
Гости на нашата телевизија ќе бидат и еминентни македонски музички имиња кој во улога на жири ќе ги селектираат пријавените кандидати.

Ветераните ги оценуваат: Виолета Томовска, Горан Кукиќ и Кате - Нели ти реков.

Децата ги оценуваат: Наде Талевска и Даниел Кајмаковски.

Кандидатите за Ѕвезди на Гранд ќе бидат оценувани од Анета Молика, Елена Велевска и Ристе Ристески.
..
За првпат оваа година Гранд продукција остава Македонија сама да одлучи кои таленти ќе ги испрати во Белград. Затоа и Саша Поповиќ со полна доверба кон Канал 5 и пејачите кои се дел од жирито, оваа година отсуствува од аудициите и ним им ја препушта првичната селекција, а откако ќе ги погледне снимките, доколку забележи дека некаде сме биле неправедни - ќе направи корекции во одлуките...

Се надеваме дека имаме конкурентни кандидати кои по примерот на овогодишните победници Ристе, Христос и Благица, во најдобро светло ќе ја претставуваат нашата земја и на крај же триумфираат.


Датум на објава: сабота, 02 септември 2017 во 09:56
www.kanal5.com.mk
Обновено во: 15:28

коментари

остави коментар