Славната пејачка се пресели во португалската престолнина поради тоа што нејзиниот 11 –годишен син Давид Банда ќе учи во училиштето на фудбалскиот клуб „Бенфика“.

„Мадона веќе не е турист, туку жител на Лисабон“, напишаа португалските медиуми.

Кралицата на попот неодамна во местото Синтра на околу 30 километри од Лисабон купи раскошен дворец од 19 век за кого според медиумите морала да издвои 7,5 милиони евра. Мадона во моментов е во процес на реновирање на вилата. За време на реновирањето славната Мадона ќе живее во хотел. А 11- годишниот Давид кој ги мина сите тестови ќе живее во интернатот на  училиштето на „Бенфика“.

Датум на објава: петок, 01 септември 2017 во 12:01
www.kanal5.com.mk
Обновено во: 12:53

коментари

остави коментар