Програмата на фестивалот вклучува голем број изложби, работилници за музичари, програма за деца, перформанси,  концерти и DJ настапи, кои ќе се одржат на неколку локации во Битола и тоа во дворот на Офицерскиот дом, во мезе – бар Јагода, Магаза Битола, Задруга Артикултура и кафе бар Радост.

Во фокусот на овогодинешното издание на фестивалот е иницијативата за ревитализација на Офицерскиот дом во Битола.

Во тој контекст, в сабота ќе биде организирана јавна дебата „Каков Офицерски дом ни треба?“. На дискусијата, како што најавуваат организаторите, ќе учествува министерот за култура Роберт Алаѓозовски, експерти за културно наследство, како и повеќе организации и индивидуалци од Битола кои низ годините се залагале за одбрана и враќање на Офицерскиот дом во функција на јавно добро.

Дискусијата ќе биде од отворен карактер.

Фестивалот е поддржан од Фондација Фридрих Еберт - канцеларија Скопје,  Цивика мобилитас – Македонија и ЛГБТИ Центар за поддршка. /МИА

Датум на објава: петок, 01 септември 2017 во 09:35
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар