Во Лас Вегас се одржа долго најавуваниот бокс меч на деценијата меѓу големите ривали Флојд Мејвејдер и Конор Мекгрегор.

Овој спектакл секако  беше привлечен за многу познати личности од светскиот шоу бизнис.

Меѓу илјадната одбрана публика  која директно го следеше спектакуларниот милионски меч беа и големите ѕвезди Џенифер Лопез и Алекс Родригез, Шарлиз Терон, Леборон Џејмс со сопругата, Крис Хемсфорт, Мајк Тајсон, Ози и Шерон Озборн.

Покрај  боксерите во рингот големо внимание кај публиката предизвика и изведбата на американската химна од страна на мегапопуларната Деми Ловато, која според многумина изгледала како „Милион долари“.

Датум на објава: понеделник, 28 август 2017 во 18:15
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар