„Кога би ја нападнале Венецуела, оружјето би стигнало во Њујорк. Би ја освоиле и Белата куќа“ – изјави Мадуро Помладиот за време на говорот на Уставотворното собрание.

Претходно, американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека не исклучува воено решение за ситуацијата во Венецуела, наведува „Спутник“.

Министерството за одбрана, зборовите на Трамп ги нарече неразумни. Освен тоа, администрацијата на Трамп го нарече Мадуро диктатор и покрена санкции против него и голем број на венецуелски официјални претставници, после изборот на Уставотворното собрание и повеќемесечните протести на опозицијата во кои во судирите со полицијата имаше десетици жртви.

Датум на објава: недела, 13 август 2017 во 16:22
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар