На 10-тиот фестивал на пивото вечерва ќе настапат Елвис блуз трио, Рингтонс и за крај - македонскиот шоумен Игор Џамбазов.

Организаторите се задоволни од изминатите шест фестивалски дена (7-12 август) кои, како што известуваат, поминале во одлична атмосфера.

-  Скопје докажа дека знае да се забавува и сред лето, а пивото беше одлично освежување во летните жешки денови. Иако температурите го надминуваа 40-от степен, Скопското Кале се покажа како идеална локација за разладување. Шест дена посетителите до последно место ја наполнија скопската тврдина, а вечерва е подарок за сите љубители на пивото и добрата музика, соопштија организаторите на „Пиволенд“.

Последниот фестивалски ден ќе почне во 20 часот. /МИА

Датум на објава: недела, 13 август 2017 во 16:05
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар