Дојран не само што го врати стариот сјај во ново руво туку го отвори портите и за многумина посетители од Србија, Бугарија па дури и Русија.

Оние кои ги затекнавме на дојранското крајбрежје велат дека годишниот одмор го минуваат токму oвде,се презадоволни од понудата а некои со години доаѓаат.

Речиси од цела Македонија и годинава многумина се одлучуваат годишниот одмор да го поминат токму во топлиот Дојран.

Од туристичкото биро во Дојран информираат дека капацитетите кои се нудат односно,хотелски и приватни се полни.

Минатата сезона биле регистрирани околу 200 илјади сместувања не сметајќи ги туристите кои имаат сопствени вили речиси од секаде во земјава.

Август е можеби најпосетуван месец поради цветањето на алгите како едни од најзастапената и најатрактивна флора во езерото.


Датум на објава: недела, 13 август 2017 во 15:01
Стојне Митева
Обновено во: 15:22

коментари

остави коментар