Работиме активно да се испочитува Охридскиот договор, вели министерот за администрација Дамјан Манчевски.

Со последните предложени измени на Законот за употреба на јазиците поголем дел од обврските веќе ги финишираме.

Во наредниот период ќе се произнесеме доколку постојат и одредени други прашања, меѓутоа навистина сметам дека работиме активно за да конечно се испочитува Охридскиот рамковен договор, вели Манчевски.

Според вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи нема подобар начин за одбележувањето на 16 годишнината од Договорот од колку со донесување на Законот за употреба на јазиците како едно од најсензитивните прашања.

„Со Законот значително се унапредува службената употреба на албанскиот јазик притоа незагрозувајќи ниту една друга етничка заедница. Охридскиот рамковен договор е рамка која не може да се заокружи туку дава насока како да се регулираат меѓуетничките односи во земјата. Прашањето на зајакнатата децентрализација е прашање на кое треба да се стави фокус наредниот период“, вели за Канал 5 високиот партиски функционер на ДУИ Османи.

Токму вака стокмениот закон за јазици дигна голема врева во јавноста, за дел од експертите , тој излегува од рамките на Охридскиот договор.

За Стојанче Ангелов кој со новата влада се врати на позицијата во МВР, вели дека Законот за јазици е прифатлив но дека нема простор за двојазични униформи.

А ДУИ вечерва во Скопје ја слави 16 годишнината од потпишувањето. под покровителство на заменикот претседател на Владата за спроведување на Рамковниот договор и политички систем Хазби Лика и претседателот на Собранието Талат Џафери.

Охридскиот рамковен Договор потпишан е на денешен ден 13 август 2001 –та година во Скопје. Со него се заврши воениот конфликт а се врами меѓуетничкиот соживот. 

Датум на објава: недела, 13 август 2017 во 14:51
Весна Велкова Тодоровска
Обновено во: 15:13

коментари

остави коментар