Тарабуката и дајрето, но и кинеските традиционални инструменти беа во фокусот на музичарите кои настојуваат соработката да ја продолжат и преку идни културни проекти.

,,Наша цел е да ги зачуваме вредностите на традиционалната кинеска музика, но истовремено да соработуваме и локални фолклорни групи во Македонија.,,-вели Вантен Фон, од Културното биро на Пекинг.

,,Камерниот оркестар ЕЛК е основан во септември 2016 година, а членовите доаѓаат од најпрестижните музички установи во Кина, како Кинескиот конзерваториум и Колеџот за музика „Капитал“ од Пекинг. Оваа динамична група ја сочинуваат млади професори по музика, студенти и независни музичари, со идеја да создаваат музика која преставува рефлексија на нивните индивидуални музички гледишта, традицијата и современото живеење, националниот идентитет и космополитизмот.,, -вели Лил Сутја, член на „Камерен оркестар ЕЛК“ од Кина.

Проектот е дел од соработката помеѓу министерствата за култура од Република Македонија и Народна Република Кина. Целта е меѓусебно запознавање на двете култури, со посебен акцент на традиционалната музика и песна.

Камерниот оркестар ЕЛК на 15 август ќе настапи во рамките на Охридско лето.

Датум на објава: недела, 13 август 2017 во 13:52
Анета Шијакова
Обновено во: 14:20

коментари

остави коментар