„Американците мораат да знаат дека ова е само прва од нашите акции“ – изјави претседателот на парламентот Али Лариџани откако го објави резултатот од гласањето. За законот гласаа 240 од 244 присутни пратеници, а никој не беше против.

Тој додаде дека пратениците гласале за мерки кои треба да им се “спротивстават на терористичките и авантуристички акции на САД во регионот“.

САД во јули воведоа нови санкции против Иран поради ракетната програма.

„САД се длабоко загрижени поради опасните активности на Иран на Блискиот исток кои ја поткопуваат стабилноста, безбедноста и просперитетот на регионот“ – изјави портпаролката на Стејт департментот, Хедер Ноерт.

Таа ја осуди “непрекината поддршка на Иран на терористичките групи кои му се закануваат на Израел и стабилноста на Блискиот исток“, како што се либанскиот Хезболах и палестинските Хамас и Исламски џихад.

Датум на објава: недела, 13 август 2017 во 12:37
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар