Двајца од повредените се пренесени во болница и се во тешка здравствена состојба, соопшти Aftonbladet.

Во моментот на нападот во зградата имало меѓу 70 и 100 лица.



Танјуг пренесува дека инцидентот се случил во зграда која се издава за организација на прослава во улицата Истадвахен.

Според наводите на медиумите, маж влегов во зградата и извикал: „Кој го удри мојот брат?“ и потоа започнал да пука.

Полицијата разговара со сведоците и ги проверува безбедносните камери, а сообраќајот во тој дел на градот е во прекин.

Шведската полиција, која трага по напаѓачот, засега не може да потврди дали ова е изолиран инцидент или има поврзаност со судирите меѓу криминалните банди, кои во Шведска се во пораст.

Датум на објава: недела, 13 август 2017 во 12:17
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар