Пожарот во близина на манастирот Трескавец и населените места Мажучиште, Мараморани и Горно Село, е под контрола. Гори сува трева. На терен има екипа од ТППЕ Прилеп. Од ЦУК велат дека пожарот е далеку е од манастирот Трескавец и нема опасност по него.

Пожарот во близина на селата Крушевица и Бонче е под контрола. Екипите од утрово се на терен за проверка и целосно локализирање на пожарот.

Пожарот кај село Никодин е ставен под контрола. Во правец на село Фариш ангажирани се вработени од ШС „Црн Бор“ – Прилеп.

Шумскиот пожар во атарот на село Норово е под контрола.  Гори сува трева и ниско дабова шума. Екипите се на терен, а во зависнот од процените, постои можност за ангажирање на подршка од воздух со авионите на ДЗС. Од утрово на терен се екипите на ТППЕ Крушево, ШС „Липа“, ЕЛС и ЈП Комуна и месно население.

Пожарот на местото Фрлогоец (Женска планина) на Бистра Планина е под контрола. Гори пасиште (сува трева и смрека) и ниско стеблеста деградирана дабова шума, се наведува во соопштението од Центарот за управување со кризи на Република Македонија. /МИА

Датум на објава: недела, 13 август 2017 во 11:54
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар