Официјалниот севернокорејски весник „Родонг Синмун” наведе дека доброволците се јавиле откако официјалната новинска агенција KCNA во понеделникот објавила соопштение во кое се осудуваат новите санкции на ОН, како одговор на ракетната проба на Пјонгјанг, пренесува „Ројтерс“.

Додека се засилуваат тензиите меѓу Вашингтон и Пјонгјанг, кинескиот претседател Си Џингпинг го повика претседателот на САД, Доналд Трамп да избегнува “зборови и дела“ кои би ја влошиле веќе напнатата ситуација на Корејскиот полуостров, јавува кинеската државна телевизија.

Си, во телефонскиот разговор со Трамп истакнал дека “Кина и САД имаат заеднички интерес во реализација на денуклеаризацијата на Корејскиот полуостров и одржувањето на мирот и стабилноста на тоа подрачје“.

Северна Кореја објави детален план за лансирање на балистички ракети во правецот на американската територија на Пацификот – Гуам, официјална воена база во која се сместени и американските бомбардери.

Трамп, претходно ја предупреди Северна Кореја дека доколку продолжи со своите закани кон САД, ќе наиде на “гнев и оган“.

Датум на објава: недела, 13 август 2017 во 11:14
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар