Се чинише дека Шпанија е поштедена од кризата, меѓутоа, во серијата од 20.000 пастеризирани единици на течни јајца пронајден е фипронил во прехранбената индустрија на северот на Шпанија, во Баскија, соопшти портпаролот на одделениот за здравје на регионалната влада и додаде дека сите загадени јајца ќе бидат уништени.

Хемикалијата фипронил која може да го загрози човечкото здравје е отриена во јајцата во уште 16 европски земји, откако тој скандал излезе во јавноста, а пронајден е дури и во Хонг Конг. Од супермаркетите повлечени се милион кокошкини јајца, а стотина фарми за живина се затворени, додека Европската комисија најави специјален состанок по повод оваа криза, пишува „АФП“.

Од пазарите во Хрватска како мерка на претпазливост повлечени се јајцата од холандските производители.

Белгија беше првата земја која официјално го извести системот за предупредување на сигурност на храната на Европската унија за заразените јајца, а после неа и Холандија и Германија.

ЕУ инсистира дека нема закана за луѓето, меѓутоа Светската здравствена организација предупредува дека со консумацијата на заразените јајца можат да се загрозат бубрезите, желудникот и штитната жлезда. 

Датум на објава: недела, 13 август 2017 во 10:37
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар