Сезонската бродска линија меѓу  двете земји  е воспоставена од пред три години, но опадна интересот кај туристите.

Изминатите лета  интерес имаше, а бродовите сезонски се прикотвуваа на албанско тло, но годинава  ниедена странска група не побарала  посета на  езерскиот сосед Поградец. Бродската линија не е редовна зависи од интересот на граѓаните.

- Немаме таква дотирана линија, таа линија не е суштински важна ниту за односите на двете земји, ниту за бродарството нисту за туризмот и од тој аспект ќе биде препуштена на пазарот, , вели Горан Устијаноски капетан на Капетанија на пристаништа.

Од хотелската асоцијација ХОТАМ со години бараат воведување  бродска линија Охрид Струга, за поврзување на двата градови.

-  Со кои би се допринело за полесен транспорт. Имавме еден пример дека во еден од колегите во 1960 и некоја дека патувал на работа со брод од Охрид до Струга, таа бродска линија не постои, тоа наше барање е дадено од поодамна и се надеваме дека во брз рок ќе ни се оставри а ќе се подобри туристичката понуда за туристите,   вели Крсте Блажески претседател на ХОТАМ.

Бродска линија Охрид Поградец имало до 1948, кога бродот Корзика пловел по езерските води. Во минатото со  брод се патувало и од Охрид  до Струга.

Датум на објава: недела, 13 август 2017 во 10:22
Соња Рилковска
Обновено во: 14:43

коментари

остави коментар