Идејата потекнува од текстот „Фестивалот како микрофизика на моќта” (Фуко) во регионот и поранешна Југославија” од Ивана Васева, Елена Вељановска и Биљана Тануровска-Ќулавковски, како дел од проектот „Расшколувано знаење“ во 2012 година. Во овој текст, промената/трансформацијата на поимот, структурата и значењето на фестивалите е дадено низ краток преглед исто како и современото поимање на терминот во контекст на земјите од поранешна Југославија.

- Овој проект поттикнува на размислување надвор од познатото: какви можат да бидат уметничките практики и со тоа уметноста што ја промовираме и продуцираме кога многу добро сме запознаени со границите кои мораме да ги скршиме со цел да овозможиме свеж и нов воздух на уметничката сцена и со тоа да не бидеме жестоко приврзани за фондовите. Исто така, овој проект ја преиспитува улогата/ите на кураторите и програмерите и како оваа улога ја оформува политиката, економијата и контекстот, наведуваат авторките на проектот „Како да направиш фестивал за 100 или за 100.000 евра?".

Тој досега беше претставен на фестивалот за современ танц Locomotion во 2014 година, на АКТО фестивалот за современа уметност во Битола во 2015, на Co-festival Ljubljana во 2015, како и на регионалното биенале за кореографија Re//Dance во Букурешт во  2016 година.

ImPulsTanz е еден од најреномираните фестивали за современ танц, формиран во 1984 година во Виена од културниот менаџер Карл Регенсбургер и кореографот Исмаел Иво.Во 2012 година, фестивалот е награден со престижната награда за уметност во Австрија - Bank Austria Kunstpreis. /МИА

Датум на објава: недела, 13 август 2017 во 10:10
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар