Градоначалникот на Шарлотсвил потврди дека едно лице загинало, не откривајчи детали. Неколку лица се повредени откако во групата што протестира против Обеднетата десница влета автомобил.

Градот Шарлотсвил во Вирџинија прогласи вонредна состојба поради најавените демонстрации на десничарите и белечките ултрадесничарски групи, пренесуваат агенциите.

Расистичките групи очекуваат илјадници луѓе на улиците, а полицијата се подготвуваше и на антидемонстрации.




Спорот настана по најавата дека ќе биде отстранета статуата на еден генерал од америкнската граѓанска војна, а кој го бранел робовладетелскиот систем. Десничарските демонстранти носат шлемови и штитови, а во помали судири неколку лица веќе се повредени.

Кулминацијата на протестот се очекува во вечерните часови по локално време. Американскиот претседател Доналд Трамп реагираше на ескалацијата на ситуацијата во овој град.

„Сите мораме да бидеме обединети и да ја осудиме омразата. Нема место за насилство во Америка Да бидеме едно“, напиша Трамп на социјиалните мрежи.

Само неколку часа подоцна, полициски хеликоптер кои го надлетуваше протестот се сруши во околната шума.

Две лица загинаа, според соопштението од полицијата.

Се уште е непозната причината за урнувањето на хеликоптерот.


Датум на објава: недела, 13 август 2017 во 10:05
www.kanal5.com.mk
Обновено во: 10:10

коментари

остави коментар