Вечерва по 22 часот се разгоре пожар во близина на скопското село Кондово. На терен делуваат десеттина против пожарни возила како и возила на јавните претпријатија ,,Водовод" и ,,Комунална хигиена".

Пожарот се шири кон првите куќи во селото, засилен од ветрот. Во гаснењето се вклучени и 50 - тина жители од селото. Според Центарот за управување со кризи, овој пожар бил гаснет уште од пладнево и бил ставен под контрола. Но, ветрот вечерва го разгорел и постои опасност да ги зафати и куќите.






Датум на објава: сабота, 12 август 2017 во 22:57
www.kanal5.com.mk
Обновено во: 00:10

коментари

остави коментар