Производи на база на јајца во кои има фепрнил се пронајдени и во Шпанија .

Околу 20 илјади пакувања пастеризирани јајца во течна состојба , кои биле отруени со инсектицидот се пронајдени во прехрамбен погон во Баскија , на северот на Шпанија.

Производите не биле користени и ќе бидат уништени . Засега не се знае потеклото на јајцата , но медиумите објавија дека најверојатно се увезени од Франција.

Шпанија засега е 16- тата земја на ЕУ каде се најдени јајца со фепронил .

Надвор од Унијата , отровни јајца има и во Швајцарија и Хонгконг. 

Датум на објава: сабота, 12 август 2017 во 19:53
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар