Таа во емисија раскажува дека не можела да стои подолго од половина час  и оти во тој период од животот живеела заедно со родителите и момчето .

Поради енормната тежина не се запишала на факултет , а не можела ниту да најде работа.

Мајка и и готвела огромни количества храна , кои Амбер ги јадела по четири до пет пати дневно за да може да се смири .
И нејзиното момче раскажува колку бил исфрустриран поради огромната тежина на девојката .

Дури откако докторите и рекле дека мора да ослаби за да го доживее 30 – тиот роденден , Амбер отишла на хируршка интервенција за намалување на желудникот.
Но , за да успее операцијата морала најпрвин значително да ослаби. Не само што успеала , туку со постојаните вежби симнала цели 181 килограм .

За само неколку години Амбер не може да сед препознае. Таа си ја врати самодовербата и на социјалните мрежи ги објавува редовно фотографиите од својот напредок .

Датум на објава: сабота, 12 август 2017 во 19:29
www.kanal5.com.mk
Обновено во: 13:50

коментари

остави коментар