Во врска со најновата прес конференција на Живко Митревски, на која повторно беа изнесени невистини и неаргументирани изјави, сакаме јасно да нагласиме дека со никакви наводи во решението за огласување на ништовност бр.08-8191/134 од 4.08.2017 година Министерството за труд и  социјална политика не се меша во слободата на синдикално организирање и слобода на избор, туку постапува според позитивните законски прописи на република македонија имајќи ги предид и меѓународните конвенции.

И овојпат нагласуваме дека министерството за труд и социјална политика по службена должност оцени дека решението на претходниот министер ибрахим ибраими е ништовно, согласно законот за општа управна постапка. Детално правно образложение во врска со ова прашање беше доставено  до медиумите во рамки на вчерашната реакција, наведуваат од МТСП. 

Датум на објава: сабота, 12 август 2017 во 18:52
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар