Вработен во банка лоцирана на улицата „Народен фронт" во Скопје утринава во 9:35 часот пријавил дека во два наврати во банката се јавило непознато машко лице, кое на српски јазик кажало „

Излезете надвор има нешто околу банката", а потоа додало „Тоа е бомба".

Од страна на екипа за Антитероризам излезено е на местото на настанот, при што извршена е целосна проверка на објектот на банката и на поблиската околина при што не е пронајдена експлозивна направа.

Се работи на целосно расчистување на случајот и пронаоѓање на лицето кое лажно пријавило, соопштуваат од МВР. 

Датум на објава: сабота, 12 август 2017 во 14:33
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар