И покрај тоа што имаме многу да зборуваме за Марко Зврлевски, за стотиците кои неосновано завршија во затвор и за не покренувањето обвиненија, пратениците од СДСМ нема да учествуваат во ваква бесмислена расправа, рече денеска координаторот на пратеничката група на СДСМ, Томислав Тунтев.
„На оваа седница се збори за се освен за точката на дневен ред. Си го трошиме времето, а и парите на граѓаните“, рече Тунтев.
Обраќајки се кон пратениците од опозицијата, Тунтев рече дека е време да се тргне кон реформите кои ги очекува Европската Унија и граѓаните на Република Македонија.
Сите пратеници од СДСМ кои беа пријавени за збор не се присутни во Собраниската сала. 

Датум на објава: сабота, 12 август 2017 во 13:54
Весна Велкова Тодоровска
Обновено во: 15:34

коментари

остави коментар