Како што своевремено Саат кулата во Битола била изградена меѓу другото со 60.000 јајца, денеска битолчанката Иванка Клочовска, со природни смоли и други природни материјали, рачно изработува минијатури од саат кулата, за како што вели да бидат цврсти, исто како ова најзначајно обележје на Битола кое со векови успешно одолева на забот на времето.

Клочовска која има 75 години со рачна изработка на минијатури се занимава веќе 4 децении. Вели дека од тоа не може да се живее, но дека сепак токму ваквото хоби и го продолжило животот.

Во реките и езерата собира ситни камчиња кои вешто со пинцета ги вградува во минијатурните објекти.

Клочовска изработува и минијатури на цркви и манастири, но вели дека туристите најмногу се интересираат за саат кулата бидејќи тоа е симболот на Битола.

Датум на објава: сабота, 12 август 2017 во 13:38
Анета Шијакова
Обновено во: 14:53

коментари

остави коментар