Од името на 50 000 членови кои ги застапуваат овие 13 грански синдикати  никогаш не била одржана седница на советот на ССМ согласно со статутот и деловникот за работа на советот на ССМ со која се извршила промена на претседателот и секретарот на советот на ССМ. Истакнуваме и потврдуваме дека е фалсификувана документацијата за наводна промена на раководството и потврдуваме дека согласно член 9 т.2 алинеа 2 од статутот на ССМ, претседателството на ССМ никогаш не разгледувало предлог за промена на претседател на ССМ ниту пак согласно член 9 т.2 алинеа 6 од статутот на ССМ претседателството не утврдило дневен ред за совет за да се разгледува промена на раководството на ССМ, велат од гранските синдикати.
Од таму велат дека 13 грански синдикати и 50 000 членови потврдуваат дека ваква седница на советот не била никогаш свикана потврдуваат дека согласно член 4 ст.2 никогаш немало поднесена писмена иницијатива со образложени до советот на ССМ за промена ниту пак ваква иницијатива била предходно разгледувана од страна на претседателството и од страна на синдикатите.
-Тринаесет грански синдикати и 50 000 членство потврдуваат дека никој од делегатите кои согласно член 12 ст.2 од деловникот за работа на советот не пренел заклучоци и одлуки на 13 грански синдикати за промена на раководството на ССМ.13 Грански синдикати и 50 000 членство потврдуваат дека раководството на ССМ и претседателот на ССМ согласно член 7.т.4 алинеа 6 го избра претседателот на ССМ на 19 Конгрес одржан на 21 5 2015 врз основа на одлука бр. 0201-406/5 донесена на 19 конгрес одржан на посочениот датум.13 грански синдикати потврдуваат дека никогаш не била одржана ваква седница на советот на ССМ согласно статутот на ССМ и деловникот за работа, а заради фалсификувањето на исправите, советот на ССМ на својата 5 седница одржана на 28.12.2016 година донесе Одлука со која се исклучени синдикатите на СИЕР,СТУКОЗ, АГРО и УПОЗ, кои правеле обид за насилна промена, фалсификувале документи, а истовремено и донеле одлука со која сите противстатутарни дејствија се прогласени за ништовни од страна на лажно одржаниот совет и е потврден легитимитетот на донесената одлука на 19 конгрес за претседателот на ССМ да биде избран д-р Живко Митрески и донесената Одлука на Совет за избор на Методија Димески за секретар на Советот на ССМ, велат од таму.

Датум на објава: сабота, 12 август 2017 во 13:17
www.kanal5.com.mk
Обновено во: 14:30

коментари

остави коментар