Околу 1.800 пожарникари со помош на стотина возила се обидуваат да изгаснат десетина пожари ширум земјата, соопштија португалските власти.

– И покрај пожарите, ситуацијата сега е стабилна, изјави портпаролката на Агенцијата за цивилна заштита во Лисабон.

Новите пожари избија откако во претходно летово повеќе од 60 лица загинаа, а над 200 беа повредени во големиот пожар во областа Педрогао Гранде во централна Португалија, кој беснееше пет дена.

Датум на објава: сабота, 12 август 2017 во 12:54
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар