Поради се поскандалозните текстови кои се појавуваат во словенечките медиуми, Меланија Трамп била принудена да ја ангажира адвокатката Наташа Пирц Мусар која е задолжена за целата правна заштита.

Откако во нејзината родна Словенија се појави приказната за наводната работа на Меланија во една ескорт агенција, која ја објави и „Дејли Меил“, беше затекната од нов скандал.

По целиот свет почна да се шири приказната за нејзиното поранешно момче. Словенецот под името Јура Зорчиќ кој тврди дека Меланија му била девојка во раните деведесетти години.

„Го повикав во канцеларија бидејќи сакав да му појаснам дека Меланија не сака тој да зборува за неа. Призна дека се познаваат, но никогаш не му била девојка и поради тоа требаше да потпише договор дека ќе престане да зборува такви работи“ – изјави Наташа Пирц Мусар, адвокатката на Меланија.

Приказната за нејзиното прво момче ја потврди и Бојан Пожар, авторот на книгата –„Меланија Трамп – Поверлива приказна“ кој изјави дека Зорчиќ му изнел занимливи податоци, кои го интригирале да ја напише книгата.

„Јура ми рече дека се сретнал со Меланија во Њујорк и дека многу го изненадило тоа што неговата поранешна девојка повеќе сака да зборува на англиски наместо на словенечки“ – истакна Бојан.

Инаку, пред Меланија да најми адвокатка, Јура Зорчиќ редовно разговарал со новинарите на разни медиуми, а дури им ја покажувал и улицата каде што се запознале. Тој исто така изјавил дека Меланија никогаш не била типична Словенка, но после разговорот со Наташа се се променило.

Датум на објава: петок, 11 август 2017 во 13:32
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар