„Таквата операција би содржела брз  мултидимензионален напад, а борбата би можела да биде одлучена во првите минути“ – изјави пензионираниот капетан на морнарицата, Џери Хендрикс.

Тој истакнува дека не е информиран за специфичностите на можниот превентивен напад, но за „CNN” изјави дека операцијата би вклучувала неколку стратегии насочени кон неутрализирање на севернокорејските можности.

„Спротивставувањето на севернокорејскиот релативно импресивен дефанзивен систем земја-воздух би можело да се направи со стелтовите F-22, F-35 и бомбардерите B-2, на кои би им се приклучиле јапонските и јужнокорејските ловци F-16 или F-15. Исто така, користењето на беспилотните летала би го намалило ризикот од губење пилоти“ – додава Хендрикс.

Според неговите зборови, САД би можеле да донесат додатни летала во регионот во пресрет на нападот, но суштински американската војска може да смета на две големи бази во Јужна Кореја, во Осан и Кунсан.

„Од Гуам, Пентагон би можел да ги подигне бомбардерите B-1, B-2 И b-52, а во игра би можеле да бидат вклучени и разурнувачите кои се наоѓаат во Јапонија, а кои се опремени со ракети од типот на томахавк и дефанзивни системи кои би можеле да ги пресретнат севернокорејските ракети“ – истакна Хендрикс.

Проблемот може да претставуваат последиците од првиот напад.

„Неколку минути по нападот американските авиони и артилерија би морале да ги координираат своите акции со сојузниците за да ги уништат илјадниците ракетни фрлачи кои се насочени кон јужнокорејската престолнина Сеул“ – пишува „CNN”.

Експертите наведуваат дека тоа би бил само почетокот.

„Не е проблем да се погоди Северна Кореја, проблем е што понатаму. Вие ќе ја нападнете Северна Кореја...Па они ќе одговорат, а имаат арсенал кој може да го уништи Сеул. Се предвидува дека стотина илјади жители на Јужна Кореја би можеле да умрат во првите часови од борбата – од артилерија, ракети, проектили со краток домет, а војната би можела да ескалира до употреба на нуклеарен арсенал, што би довело до десетина милиони жртви и деструкција на 11-тата најголема економија во светот. Со тоа не смеете да се коцкате“ – се наведува во текстот на „CNN”.

Датум на објава: петок, 11 август 2017 во 13:16
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар