Колин Тебут, еден од најлојалните асистенти, заминал во болничката соба во Париз веднаш после нејзината смрт решен да се погрижи за деталите кои следат.

Раскажал дека на прозорците ставил ќебиња за никој да не може да види што се случува внатре.

Зборувајќи за моментите после смртта на принцезата Дијана, Тебут изнајвил дека било “многу тешко и емотивно да се гледа принцезата како лежи во креветот, а не во мртовечница“.

„Најдов некои вентилатори да ја разладам собата во која беше многу топло. Додека шетав наоколу, трепките и косата на принцезата се мрдаа од воздухот и тоа многу ме погоди. Морав да се свртам, да размислам малку за се триесетина секунди и потоа да продолжам со тоа што го правам“ – раскажува Тебут.

Тој изјави дека во моментот на несреќата се наоѓал во кревет, а присеќавајќи се на Дијана, изјавил дека имала смисла за хумор и дека спрема вработените се однесувала со почит, но и додаде дека, кога станува збор за кралското семејство, постоела граница, која не требало да ја премине.

„Ниту еден прекорен збор не слушнав за две години“ – изјави Тебут.

„Тие години, пред да умре, беше добро и се чинеше дека ужива во животот и дека е среќна“ – изјави тој.

Датум на објава: петок, 11 август 2017 во 13:01
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар