Словачките ветеринарни инспектори пронашле 21 пакување јајца загадени со фипронил во складиште во местото Врбове на запад во државата.

Претходно беше соопштено дека и во Романија се откриени еден тон загадени јајца.

Во меѓувреме и од хрватските пазари се повлекуваат јајца од Холандија.

Се работи за превентивен чекор и се повлекуваат производите од холандскиот производител Екоплаза.

Вчера данска соопшти дека 20 тони загадени јајца од Белгија се продавале на данскиот пазар, а голем дел од нив биле варени и се служеле по ресторани.

Од Брисел најавија дека наскоро ќе свикаат кризна седница за надминување на скандалот што зафати 12 европски земји.

Датум на објава: петок, 11 август 2017 во 10:43
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар