Тоа го пишува кинескиот државен весник „Глобал тајмс“.

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно ја заостри реториката спрема Северна Кореја, предупредувајќи го Пјонгјанг да не помислува на напад на американскиот остров Гуам во Пацификот.

Кина, најважниот сојузник и трговски партнер на Пјонгјанг, повеќе пати повика на воздржаност и мир во оваа криза и изрази незадоволство поради севернокорејските нуклеарни тестови, но и однесувањето на Јужна Кореја и САД, за кои смета дека ги подигнуваат тензиите.

„Би требало на сите страни да им се даде јасно до знаење дека кога нивните потези ги загрозуваат кинеските интереси, Кина одлучно ќе одговори“ – пишува весникот.

Кина, како што се наведува“ мора јасно да стави до знаење дека доколку Северна Кореја прва лансира ракети кои се закануваат на американското тло, ќе остане неутрална, но доколку САД и Јужна Кореја извршат напади и се обидат да го соборат севернокорејскиот режим и да ја променат политичката матрица на Корејскиот полуостров, Кина ќе ги спречи во тоа.

Како што се додава, Корејскиот полуостров е место каде што се преклопуваат интересите на сите страни и ниту една не би смеела да има апсолутна доминација во регионот.




Датум на објава: петок, 11 август 2017 во 10:28
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар