На аматерското видео се гледа како чамецот се приближува до плажата, а потоа од него почнуваат да истрчуваат мигранти.

„Што се случува“ – целосно збунето прашува еден од туристите на плажата.

Сето тоа го снимил Карлос Санс, кој таму бил на одмор.

Според неговите зборови, групата на мигранти бргу исчезнала, а полицијата дури подоцна се појавила, пренесува „АП“.

Очевидците наведуваат дека многумина од мигрантите ја промениле облеката со цел да ја избегнат полицијата.

Потоа како што пренесуваат локалните медиуми, влегле во автомобили и заминале во непознат правец.

Шпанската плажа се наоѓа на само 30 километри од африканскиот брег.

Датум на објава: петок, 11 август 2017 во 10:16
www.kanal5.com.mk
Обновено во: 13:01

коментари

остави коментар